Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Николов и Адеми ќе се тешат со Европа лига – АЕК, Јанг бојс и Ајакс ќе играат во Лигата на шампиони

Македонските репрезентативци со совите клубови не успеаја да се пласираат во групната фаза од најелитното европско натпреварување

АЕК ќе игра во Лигата на шампиони откако на свој терен одигра реми од 1-1 против Видеотон, тимот на нашиот Бобан Николов. Грчкиот претставник по првата пресметка имаше предност од 2-1, па реми беше доволно за да се помине последната пречка пред обезбедување за европска есен. АЕК први стигнаа до водство откако манталос беше прецизен од белата точка во 48-та минута, додека конечниот резултат го постави Лоик Него само девет минути подоцна.

Динамо Загреб потфрли пред домашната публика со пораз од Јанг бојс од 1-2. „Модрите“ имаа поголеми шанси за пласман по изборените 1-1 од Швајцарија, дури на стартот од средбата имаа и предност од 1-0, тимот на Јанг бојс се врати од раната негатива и во второто полувреме направи комплетен пресврт со двата гола на Хорау во 64-тата и 66-тата минута. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го напушти теренот по само 30 минути откако се пожали на повреда.

Динамо Киев и Ајакс одиграа реми без голови во Украина, а Ајакс се враќа во европската елита по триумфот од 3-1 во првиот меч.

Најнови вести