Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2013

Милан по Балотели – на Сити му го дава и Боатенг

Во саботата Адријано Галијани, потпретседателот на фудбалскиот клуб Милан, и конечно потврди дека во екипата во текот на јануари нема да дојдат ниту Кака ниту Дидие Дрогба, но затоа многу блиску е до Марио Балотели.

Од најавуваните засилувања достапна остана само уште една ѕвезда, лошото момче на италијанскиот фудбал, Марио Балотели, моментно играч на Манчестер сити.
Постојано во центарот на вниманието е тоа дали овој фудбалер ќе остане во актуелниот англиски шампион или ќе замине некаде. Сега Галијани испрати нова понуда, иако Роберто Манчини, тренерот на Сити, викендов рече дека Балотели не оди никаде.
Во секој случај, Милан официјално му го понудил на Сити Кевин-Принс Боатенг и износ кој сè уште не е познат во јавноста. Се чека реакција на клубот од Манчестер, макар што Галијани попатно на прашањето колку е Балотели блиску до „Сан Сиро“ рече: „99,9 отсто е наш“.
 Според англиските медиуми, Балотели веќе приредил проштална забава за своите соиграчи и им рекол дека „патува за Милано“.

Најнови вести