Корисничко име Лозинка Пријави се
07.6.2011

Торал на клупата на Севилја

Претседателот на фудбалскиот клуб Севилја, Хозе Марија дел Нидо, изјави дека очекува Марселино Гарсија Торал во текот на оваа недела и официјално да биде потврден како нов тренер на неговата екипа.

Андалузискиот клуб му се заблагодари на Грегорио Манцано по завршувањето на оваа сезона и тргна во потрага по нов стратег. Него го најде во Торал, кој го напушти Сантандер откако не успеа да најде заеднички јазик со челниците на тој клуб.

„Марселино ќе го претставиме утре попладне, ако сè биде како што треба. Вечер ќе имаме заедничка вечера и ќе се договориме“, изјави Дел Нидо за медиумите.

Торал има искуство во предводењето шпански клубови, откако претходно беше на клупата на Спортинг Хихон, Рекреативо Уелва, Сарагоса и Сантандер.

Најнови вести