Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Втората шпанска лига посилна од кога било

Од 22 тима во Сегунда, дури 9 некогаш играле во еврокуповите

Денеска почнува новата сезона и во втората шпанска лига, а според познавачите, оваа сезона ќе биде најсилната во историјата на популарната Сегунда дивизија. Меѓу оние 22 тима што ќе се борат за место во првата лига, има дури 9 со меѓународно искуство. Тоа се клубови со повеќе од 400 одиграни прволигашки мечеви.

Сарагоса е клубот со најголемо европско искуство, со 109 меча на европска сцена, а може да се пофали со титули во Купот на саемски градови и во Купот на победниците на Куповите, кога во финалето во Париз го совлада Арсенал. Тука некаде е и Депортиво Ла Коруња со 102 средби и прилично добри резултати. 

Малага во 2013 година стигна до четврт-финалето на Лигата на шампионите и до 90-тата минута на гостувањето кај Борусија Дортмунд имаше резултат кој ја носеше во полуфинале. Сепак, Германците дадоа два гола во судиското продолжение, и ја испишаа најтажната страница од историјата на Малага. Тенерифе во 1997 дојде на чекор од финалето во Купот на УЕФА, но загуби од Шалке со примен гол во 107-мата минута. 

Осасуна, Мајорка, Овиедо, Лас Палмас и Спортинг Хихон, исто така, играле мечеви на меѓународна сцена. Кордоба во 1965 беше петта во Шпанија и доби право да учествува во тогашниот Куп на саемски градови, но не настапи бидејќи градот не го исполнуваше главниот услов - нема саем.


Најнови вести