Корисничко име Лозинка Пријави се
07.3.2017

Малага го отпушти Ромеро, Мичел нов тренер

Марсело Ромеро доби отказ во Малага, кој успеа да ја води од клупата само на десет натпревари.

Клубот уште од почетокот на сезоната не функционира како што треба, а луѓето од управата се трудат да направат сè за да ги подобрат резултатите, па поради тоа променија неколку тренери од почетокот на сезоната.
Хуанде Рамос ја почна сезоната на клупата на Малага, а потоа во декември го замени Ромеро, кој сега доби отказ по трите последователни порази.
Повратникот во Примера дивизион, Мичел, некогашниот тренер на Хетафе, Севилја, Олимпијакос и Марсеј, се очекува да биде промовиран секој час.

Најнови вести