Корисничко име Лозинка Пријави се
25.4.2016

Симеоне по исклучувањето: Не ја фрлив топката

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне изјави дека не ја фрлил топката на натпреварот со Малага, но дека судијата правилно постапил.

„Јорганџиите“славеа со 1-0 над Малага, а инцидентот поради кој Симеоне беше исклучен се случи во финишот од првото полувреме.
Пред крајот на полувремето на теренот се најдоа две топки, од кои втората на теренот заврши така што му „побегна “ на некого од клупата на Атлетико.
Кога судијата на играчите им го покажа патот кон соблекувалната, Аргентинецот излезе на теренот да види што се случува, а продолжението на натпреварот го гледаше од трибините.
Иако одредени медиуми објавија дека Симеоне бил тој кој ја фрлил топката на теренот, Диего негираше, но истакна дека ја прифатил казната во името на својот тим. 
„Јасно е дека судијата ја донесе вистинската одлука, такви се правилата. Го стори тоа што мораше, го исклучи тренерот. Нема тука што да се коментира. Топката на теренот навистина ја фрли некој од нашиот тим, од техничкиот персонал, не јас, но тоа не значи ништо“, потенцираше Симеоне.
Атлетико три кола пред натпреварувањето во Примера има ист број на бодови како и Барселона која е на врвот на табелата, додека пак Реал се наоѓа на третото место со еден бод помалку.

Најнови вести