Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2017

Официјално: Нејмар нема да игра на три натпревари, ќе го пропушти Ел Класико

Нејмар, напаѓачот на Барселона, ќе ги пропушти наредните три натпревари во шпанската Примера лига поради аплаудирањето кон четвртиот судија на натпреварот против Малага.

Каталонците ги снајде најлошото можно сценарио, тие се надеваа дека суспензијата нема да биде голема, но поради глупоста, Нејмар ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид.
Бразилецот на натпреварот со Малага, кој Барселона го изгуби со 2-0, доби црвен картон поради остриот старт, но потоа, при напуштањето на теренот му аплаудираше на четвртиот судија.
Примера лигата го примени членот 117 од дисциплинскиот код, во којшто се наведува: „Непочитувањето на судиите и на официјалните лица ќе биде санкционирано со суспензија од два или три натпревари, или еден месец“.

Најнови вести