Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Рамос го напушти клубот Малага

Шпанскиот тренер Хуанде Рамос ја напушти клупата на Малага по серијата лоши резултати, објави клубот од Андалузија.

Елиминацијата од второлигашот Кордоба во Кралскиот куп и само едната победа во последните пет натпревари во Примера лигата го означија крајот на вториот мандат на Рамос во Малага само по седум месеци.
Шпанскиот клуб соопшти дека договорно е раскината соработката со 62-годишниот стручњак, а новиот наследник ќе биде познат до осми јануари, кога Малага ќе гостува кај Селта во продолжение на Примера лигата.
Фудбалерите на Малага се наоѓаат на 11-тото место на табелата на шпанското првенство со 21 бод.

Најнови вести