Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2016

Зидан: Не се откажуваме од Примера

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан изјави дека неговиот тим нема да се откаже од борбата за трофејот во Примера.

Неговиот тим одигра нерешено 1-1 со Малага и заостанува девет бодови зад водечката Барселона.
„Сè уште не сме и нема да се простиме од првенството. Сега нормално ќе биде уште потешко, но никогаш нема да се предадеме. Уште многу бодови се во игра. Можевме и да загубиме, а ова беше тежок натпревар за нас“, изјави Зидан.
Французинот додаде дека неговата екипа даде сè од себе и истакна дека противниците до крајот можат и да ги загубат бодовите.
„Има уште многу до крајот и нашите противници исто така можат да губат бодови. Меѓутоа, фокусирани сме само на нас. Ќе продолжиме да работиме. Добро се подготвивме и играчите дадоа сè од себе. Сега е редот на мене да анализирам сè. Мислам дека воопшто не изигравме лошо, се мачевме со ’ничиите топки’. Гледајте, имавме можност да го решиме натпреварот, но од друга страна, можевме и да загубиме“, изјави Зидан.

Најнови вести