Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2016

Првиот список на Алардајс со пет промени

Селекторот на Англија Сем Алардајс го соопшти списокот на играчи на коишто смета за натпреварот против Словачка на почетокот на квалификациите за Светското првенство 2018 година.

На списокот на Алардајс, во однос на тимот кој настапуваше на Европското првенство во Франција, има пет нови имиња.
Алардајс го повика Мичел Антонио, фудбалерот на Вест хем, а во националниот тим ќе се вратат и: Лук Шоу, Тео Волкот, Дени Дринквотер и Фил Јагјелка.
На списокот не е Рос Баркли, играчот на Евертон, кој беше дел од репрезентацијата на Европското првенство.
Рајан Бертранд и Џек Вилшер се повредени и затоа не се повикани.
Џо Харт, голманот на Манчестер сити, е повикан и покрај тоа што го изгуби местото во клубот.
Селекторот на Англија не соопшти кој ќе биде капитен на репрезентацијата, односно дали Вејн Руни и понатаму ќе ја носи капитенската лента.
Фудбалската репрезентација на Англија квалификациите за Светското првенство во Русија ги почнува на четврти септември, со натпреварот против Словачка.
Во групата Ф се уште селекциите на: Словенија, Литванија и Малта.

 

Најнови вести