Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2016

Марсеј без победа на „Велодром“ од септември

Верувале или не, Марсеј во првенството дома е полоша од Валенсија под водството на Гери Невил...

Ако се имаат предвид само натпреварите францускиот шампионат, фудбалерите на Олимпик Марсеј пред своите навивачи немаат славено од 13 септември минатата година кога ја совладаа Бастија со резултат од 4-1.
Тоа беше втора победа во првенството на „Велодром“ на некогашниот шампион на Европа, дваесет денови пред тоа Троа беше испратена со повеќе голови во мрежата.
Меѓутоа, од споменатата победа над Бастија, Марсеј пред својата публика сè уште нема извојувано победа.
На претходните девет натпревари на домашен терен тимот на Мичел ремизираше дури седум пати (пет пати на последните пет натпревари) и два пати беше поразен!
Шансата да го прекинат овој лош резултат ќе го имаат утре во 25-тото коло во Лига 1 против најтешкиот можен противник и најлутиот ривал, ПСЖ.
Марсеј во моментов е на осмото место на табелата со 34 освоени бодови и заостанува со дури 32 бодови зад лидерот ПСЖ.

Најнови вести