Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2016

Меси најдобар асистент во Примера

Најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси продолжи да ги менува книгите на рекорди во шпанскиот фудбал.

Меси, кој веќе со месеци е најдобриот стрелец во Примера, стана играч со најмногу асистенции во лигата на Шпанија.
Аргентинецот во историската победа на гостувањето на Депортиво (8-0) постигна еден гол и запиша две асистенции, со што дојде до бројот 121 од успешни додавања во Ла Лигата.
Меси се најде на првото место на вечната листа оставајќи ја зад себе легендата на Реал Мадрид, Мичел, кој на соиграчите им намести гол помалку.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ одигра 344 натпревари во Примера, постигна 310 голови и 121 асистенција. Споредбата меѓу Роналдо и Меси работи од доаѓањето на Роналдо во Шпанија, двајцата играчи имаат неверојатна статистика- Меси беше стрелец 332 пати и постигна 121 асистенција, додека Роналдо постигна 313 погодоци и 84 асистенции.

Најнови вести