Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
14.6.2018

Рекордите во Русија: Меси наспроти Диего, Милер, Кристијано Роналдо...

Денес почнува Мундијалот во Русија, а ФИФА издвои десет интересни рекорди коишто би можеле да бидат соборени.

135 – Толку години заедно би имале селекторите Оскар Табарес и Фернандо Сантос доколку Уругвај и Португалија се сретнат во осминафиналето – тоа би бил најстариот селекторски дуел во историјата на Светското првенство. Сегашниот рекорд е 133, толку заедно имаа селекторите Ото Рехагел на Грција и Ларс Лагербек на Нигерија на натпреварот во Јужна Африка во 2010 година.
45 години и пет месеци – Толку ќе има Есам ал Хадари кога Египет ќе го игра својот прв натпревар на Мундијалот со Уругвај. Ако настапи тој, ќе му се закани на Фарид Мондрагон (43 години и три месеци) и ќе стане најстариот играч во историјата на Светското првенство.
13 натпревари на Светското првенство без пораз – од поразот од Унгарија во четврт-финалето во 1954 година до поразот од 3-1 во групата, исто така, од Унгарија во 1966 година – тоа е рекордот кој му припаѓа на Бразил. Германија последен пат изгуби во полуфиналето 2010 година од Шпанија и турнирот во Русија ќе го почне со осум натпревари без пораз.
6 гола – Толку постигна Диего Марадона како капитен на својот тим на Светското првенство. На Лионел Меси, капитенот на Аргентина, му недостасуваат три за да го престигне сонародникот.
6 натпревари без пораз на Мундијалот – Тоа е рекордот на КОНКАКАФ кој го постигнаа Мексико на Светското првенство 1994 година и Костарика во 1998, која не изгуби ниту еден од петте натпревари во Бразил пред четири години и има шанси да го изедначи тој рекорд доколку остане непоразена во премиерата со Србија.
5 гола на три различни Светски првенства – Томас Милер цели кон тоа да стане прв играч кому тоа му тргнало од рака. Тој, заедно со Мирослав Клозе и со Перуанецот Теофило Кубилјас, е единствен играч кој даде 4+ на повеќе од едно Светско првенство. Клозе со 16 гола е најдобриот стрелец во историјата на Светското првенство, Милер има шест помалку.
5 настапи на Светските првенства – Ако настапи, Рафаел Маркес ќе биде трет човек во историјата кому тоа му тргнало од рака, покрај Антонио Карбахал и Лотар Матеус. Џиџи Буфон, исто така, играше на пет Мундијали, но во 1998 не влегуваше во игра.
5 последователни ремија – Толку имаше Белгија во текот на Светското првенство 1998 и 2002 година. Костарика ремизираше во претходните три дуели.
4 различни Светски првенства на коишто Тим Кејхил, Рафаел Маркес и Кристијано Роналдо ќе дадат голови доколку ја затресат мрежата на Русија. Уве Зелер, Пеле и Клозе се единствените кои дале голови на повеќе од три Светски првенства.
3 – Ако Франција го освои Светското првенство, Дидие Дешамп ќе стане трет човек кој бил светски шампион и како играч и како тренер. Претходно тоа им успеа на Загало и на Бекенбауер.

Најнови вести