Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2017

ЕП до 21 година: Пикфорд ги спаси Англичаните против шампионот

Европското првенство за фудбалерите до 21 година почна вчера во Полска, со натпреварот во којшто актуелниот шампион Шведска и Англија одиграа без голови.

Натпреварот го обележа Џордан Пикфорд, новиот голман на Евертон, кој на десетина минути пред крајот одбрани пенал, а потоа и ударот на Швеѓаните по одбиената топка.
Од пред неколку дена најскапиот голман во историјата на англискиот фудбал прво го запре ударот на Линус Валквист од 11 метри, а потоа и обидот на Карлос Страндберг.
Во другиот натпревар од групата, Словачка го победи домаќинот Полска со 2-1 по пресвртот.
Полјаците поведоа со погодокот на Патрик Липски уште во првата минута, а во 20-тата израмни Мартин Валјент.
Јунак на Словачка во 78-мата минута стана Павол Шафранко.

Најнови вести