Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2017

Фетел најбрз во Бахреин

Себастијан Фетел, возачот на Ферари, победи во вчерашната трка на Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Тоа е 44-та победа за четирикратниот шампион Фетел, а негова трета во Бахреин. Фетел ја оствари втората победа во шампионатот и го презеде првото место во генералниот пласман.
Второто место го зазеде Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, а трет беше неговиот клупски колега Валтери Ботас, кој прв пат во кариерата ја почна трката од пол-позиција.
Кими Раиконен, возачот на Ферари, се пласира на четвртото место, а петти беше Даниел Рикијардо од Ред Бул. Бодови освоија уште: Фелипе Маса, возачот на Вилијамс, Серхио Перез од Форс Индија, Роман Грожан, возачот на Хас, Нико Хилкенберг од Рено и Естебан Окон од Форс Индија.
Наредната, четврта трка во шампионатот на програмата е на 30-ти април во Сочи, за Големата награда на Русија.

Најнови вести