Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2017

Хесе од Мадрид, преку Париз до Канарските Острови

Хесе Родригез, крилниот напаѓач на ПСЖ, отиде на заем во Лас Палмас до крајот на сезоната, соопштија од шампионот на Франција.

За Родригез беа заинтересирани Ливерпул, Мидлсборо и Рома, но дваесет и тригодишниот напаѓач одлучи да се врати во Лас Палмас во Шпанија, каде што е роден.
Хесе во август минатата година од Реал Мадрид направи трансфер во ПСЖ, но не успеа да се избори за место во тимот.
Тој во првиот дел од сезоната одигра само девет првенствени натпревари и постигна еден гол.
Последен пат играше на 14-ти декември против Лил (3-1), во натпреварот од Лига купот.
„Хесе Родригес за Лас Палмас ќе игра до 30-ти јуни. Неговата желба да игра во жолтиот дрес беше клучна за постигнувањето на договорот. Неговата желба преовладува над заинтересираноста на италијанските и англиските клубови, коишто сакаа да му платата на ПСЖ многу пари за него“, се наведува во соопштението на Лас Палмас.
Хесе попладнево ќе ги заврши лекарските прегледи и ќе биде претставен, а во Лас Палмас ќе го носи дресот со бројот десет.

Најнови вести