Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2016

Аспас на местото на Коста во шпанската репрезентација

Јаго Аспас, напаѓачот на Селта, е повикан во репрезентацијата на Шпанија за натпреварите против Македонија и Англија на местото на повредениот Диего Коста.

Селекторот Хуан Лопетеги одлучи да му верува на некогашниот фудбалер на Ливерпул тој да дебитира за националниот тим на 29-годишна возраст, откако одлично ја почна сезоната со шест голови на десет натпревари за Селта.
Шпанија во недела ќе ја дочека Македонија во Гранада во квалификацискиот натпревар за Мундијалот во Русија, а три дена подоцна ќе игра пријателски натпревар со Англија на „Вембли“.

 

Најнови вести