Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2016

Максимовиќ конечно во Наполи за српски рекорд

Дефанзивниот играч Никола Максимовиќ стана најскапиот српски фудбалер на сите времиња, бидејќи конечно е договорен трансферот во Наполи за вкупно 29 милиони евра, пренесуваат бројни италијански медиуми.

„Скај Италија“ наведува дека соработката меѓу Торино и Наполи е договорена вчера, во која е опфатен Марко Валдифјори, играчот за врска на „наполитанците“, проценет на 3,5 милиони евра, додека преостанатиот износ за Максимовиќ ќе биде исплатен.
Максимовиќ на тој начин ги сруши рекордите на Саво Милошевиќ, Немања Матиќ и Лазар Марковиќ, чии трансфери чинеа 25 милиони евра.
Поранешниот фудбалер на Црвена ѕвезда ќе потпише петгодишен договор вреден вкупно шест милиони евра.
Тој претходните две седмици не сакаше да тренира со тимот бидејќи Торино ја одби понудата на Наполи, но на крајот попушти претседателот Урбано Каиро.

Најнови вести