Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2016

Харт на заем во Торино

Џо Харт, голманот на Манчестер сити, ги помина лекарските прегледи во Торино и ќе игра на заем во тој фудбалски клуб, пренесоа британските медиуми.

Како што пренесува Би-би-си, Фудбалскиот сојуз на Англија му дозволил на Харт да ги напушти подготовките на репрезентацијата за да отпатува во Торино на лекарски прегледи.
Пеп Гвардиола, тренерот на Сити, го извести Харт дека може да си побара нов клуб откако го изгуби местото во стартната постава, па англискиот репрезентативец отиде на заем во италијанскиот Торино. Во Манчестер сити дојде Клаудио Браво, досегашниот голман на Барселона, кој најверојатно ќе биде прв голман.
Сем Алардајс, селекторот на Англија, го повика Харт за претстојниот натпревар со Словачка во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.

 

Најнови вести