Корисничко име Лозинка Пријави се
28.4.2016

Левандовски: Во моментов сум среќен во Баерн

Фудбалерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски изјави дека еден ден би можел да заигра во Шпанија или пак во Премиер лигата.

Фудбалерот од Полска поголемиот дел од својата кариера ја помина во Германија, бидејќи во 2010 година од Лех пристигна во Борусија Дортмунд, а потоа во 2014 година се пресели во Баерн. 
Тој од своето доаѓање во Минхен постигна 63 гола на 95 натпревари и токму поради тоа е една од главните мети на најголемите клубови во Европа.
Левандовски, меѓутоа, наведе дека ќе го напушти Баерн само во случај новиот клуб да конкурира за трофеите секоја година како што тоа го прави шампионот на Бундеслигата.
„Можеби еден ден ќе игра за Англија или пак за Шпанија. Ако одлучам кариерата да ја продолжам во Баерн, ќе биде така само поради тоа бидејќи сметав дека тоа е идеален клуб во кој ќе напредувам и ќе освојувам трофеи“, изјави Левандовски.
„Воодушевен сум со фактот дека Баерн секоја сезона ќе стигне макар и до полуфиналето од Лигата на шампионите. Освен Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, кој други тимови можат да се пофалат со доследноста? Не знам како ќе изгледа мојата иднина, но во овој момент многу сум среќен во Баерн“, заклучи Левандовски.

Најнови вести