Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2011

Негредо го пропушта Хихон?

Лоши вести за Севилја пред натпреварот со Спортинг Хихон во осмото коло од Примера лигата.

Алваро Негредо, првиот напаѓач на тимот, најверојатно, нема да може да настапи на овој натпревар.

Шпанецот мораше да ја напушти репрезентацијата на Шпанија поради болки во левиот бутен мускул и задниот дел на бутниот мускул, па затоа е под знак прашалник за овој натпревар.

Медицинскиот тим на Севилја го советува Негредо да го пропушти натпреварот со Хихон за да може целосно да заздрави од повредата, т.е. таа да не се влоши. Негредо во нападот, најверојатно, ќе го замени Ману дел Морал, на кого друштво во нападот ќе му прави Фредерик Кануте.

Најнови вести