1. 100.000 денари
2. 50.000 денари
3. 20.000 денари
• Локални месечни подароци (ваучери за десетте најдобропласирани Типстери во секој објект)
• Иста формула за пресметка на поените од секој тикет.
• Седум дена во следниот месец за обработка на сите тикети.
НОВО: E-тикетите уплатени online влегуваат во пресметка за поени во ТИПСТЕР КУП натпреварот. Online сегментот ќе се води како посебен објект и за него ќе важат Локалните месечни подароци (ваучери за десетте најдобро пласирани Типстери).
Осум месечни етапи:
1. етапа: 1. 10. 2020 - 31. 10. 2020
2. етапа: 1. 11. 2020 - 30. 11. 2020
3. етапа: 1. 12. 2020 - 31. 12. 2020
4. етапа: 1. 01. 2021 - 31. 01. 2021
5. етапа: 1. 02. 2021 - 28. 02. 2021
6. етапа: 1. 03. 2021 - 31. 03. 2021
7. етапа: 1. 04. 2021 - 30. 04. 2021
8. етапа: 1. 05. 2021 - 31. 05. 2021
Сè што е потребно е да сте член на SL клубот и со секој тикет да ја приложите вашата СЛ клуб картичка или да имате активен online профил!
Со своите уплатени тикети, сеедно дали се погодени или промашени, играчите се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.
Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите се рангира во табелите за Генерален месечен пласман и Локален месечен пласман.
• Важат тикетите уплатени во сите денови, т.е. месечно секој играч-типстер може да има максимум бодувани тикети колку што има денови во месецот;
• На дневно ниво, бодови се добиваат од првите 12 уплатени тикети, бодови носи само тикетот со најмногу поени, а за секој уплатен тикет (до 12-иот) се добиваат автоматски по 10 бодови.
• Формула за пресметка на поените A+20B+20C! (пример за бодувањето има подолу)
• Еден Типстер може да биде добитник на првиот подарок во глобалниот месечен пласман само еднаш. Доколку се случи еден ист Типстер да биде прв и во друга месечна етапа, подарок добива Типстерот пласиран под него на месечната ранг-листа.
* Подетални информации за Типстер купот можете да прочитате во делот ПРАВИЛА и во делот ПОДАРОЦИ.
Пример за пресметка на поените:

Рангирања Правила Подароци
Подароци
Подароци за секоја месечна етапа
1. 100.000 денари за Типстерот со најголем збир освоени поени во месечната етапа
2. 50.000 денари за Типстерот со втор најголем збир освоени поени во месечната етапа
3. 20.000 денари за Типстерот со трет најголем збир освоени поени во месечната етапа
* Паричните подароци се ослободени од дополнителни давачки
Месечни локални подароци
1. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 1000 денари
2. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 200 денари
3. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 200 денари
4. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 100 денари
5. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 100 денари
6. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 50 денари
7. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 50 денари
8. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 50 денари
9. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 50 денари
10. Вредносен купон за уплата во обложувалницата Sport Life во вредност од 50 денари
НАПОМЕНА: секое уплатно место мора да има барем пет типстери во конкуренција за да се доделат подароците. Во спротивно, во тоа уплатно место нема да се доделуваат подароци, но поените на играчите во генерален пласман, сепак, ќе важат.
Правила
ТИПСТЕР КУП е натпревар и е сегмент од програмата за лојалност и рангирање на редовните обложувачи во обложувалниците SPORT LIFE. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или промашени, играчите, т.е. членовите во Sport Life Клубот се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето. Типстер Купот за сезоната 2020/21 се состои од осум етапи со времетраење од осум месеци, од 1-ви октомври 2020, а завршува на 31-ви мај 2021 година.
Секој учесник во ТИПСТЕР КУП мора да биде член на СЛ Клуб на играчи (програма за лојалност), односно да има електронска картичка од SPORT LIFE која се приложува при уплата на тикетите во уплатно-исплатните места или да има активен профил за online обложување.
При уплата на тикетите мора задолжително да се приложи членската картичка за да може тие тикети да влезат во конкуренција за ТИПСТЕР КУП. Со електронската СЛ Клуб картичка не се вршат никакви финансиски трансакции, односно таа служи само за верификација и идентификација на лојални играчи во обложувалницата.
Е-тикетите уплатени online влегуваат во пресметка за поени во ТИПСТЕР КУП натпреварот.
Само првите 12 уплатени тикети во текот на еден ден со приложена картичка или е-тикети уплатени online се конкурентни во борбата за бодови кои се пресметуваат според точно одредена формула, а бодови во еден ден носи само тикетот со најмногу бодови. Тоа значи дека месечно, секој играч-типстер може да има максимум бодувани тикети колку што има денови во месецот. Сите бодови од тикетите, т.е. учинокот на типстерите се рангира во табелите за генерален месечен пласман и локален месечен пласман. Дополнително, за секој плус одигран тикет во текот на еден ден (покрај најдобриот бодуван тикет кој ќе влезе во конкуренција), типстерот добива автоматски 10 бодови (по овој основ може да се добијат максимум 120 бодови, без разлика дали има повеќе тикети од 12).
Со одиграните тикети секој обложувач-типстер е во игра и конкуренција за еден од трите подароци во генералниот месечен пласман (за еден календарски месец на ниво на сите уплатно-исплатни места на Sport Life) или едen од десетте подароци во локалниот месечен пласман (за еден календарски месец во секое уплатно-исплатно место одделно). Еден Типстер може да биде добитник на првиот подарок во глобалниот месечен пласман само еднаш. Доколку се случи еден ист Типстер да биде прв и во друга месечна етапа, главниот подарок го добива Типстерот пласиран под него на месечната ранг-листа.
Еден ист добитник на подарок за најдобар во некоја етапа на глобално месечно ниво, може да има пласман на првите три места најмногу 3 пати во текот на сезоната, односно во три од можните осум етапи. Доколку истиот играч и во четвртата етапа повторно се пласира на првите три позиции на месечната глобална табела, Типстерот пласиран под него го добива соодветниот подарок.
Во генералниот месечен пласман се сметаат тикетите на играчот уплатени во сите уплатни места на обложувалницитe SPORT LIFE или е-тикетите уплатени online, а во локалниот месечен пласман во конкуренција влегуваат само тикетите уплатени во тоа конкретно локално уплатно место или целокупниот online сегмент кој се сметка како едно уплатно место. Сите глобални и локални пласмани ќе бидат истакнати и редовно ажурирани на видно место во сите уплатни места, на интернет страницата и во печатениот билтен на Sport Life. На почетокот на секој нов месец, пласманот на типстерите од претходниот месец ќе биде истакнат на табелата за генерален месечен пласман и на табелата за локален месечен пласман, за секое уплатно место поединечно. Месечните (генерални и локални) табели потоа ќе се ресетираат за почеток на наредниот месец.
Тикетите во ТИПСТЕР КУП ќе се бодуваат по формула која организаторот има право да ја промени со претходна најава од најмалку пет дена.
Бодовите се пресметуваат по следната формула:
P = a + 20b + 20c
„а“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата / комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „a“ може да изнесува максимум 800 бодови.
„b“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација). Максимален број на парови на тикетот е 50. Значи, збирот „20b“ може да изнесува максимум 1000 бодови.
„c“ = „коефициент на учинок“, т.е.
коефициент на учинок = (помножени погодени коефициенти на тикетот) / помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1)
Збирот „20c“ е ограничен на максимум 4000 бодови. Типовите пресметани со коефициент 1 не влегуваат во пресметката на параметарот „c“
Кај тикетите со двознаци и трознаци во формулата за „Типстер куп“ ќе се зема само првиот тип. Вториот и третиот (од двознаците и трознаците) нема да се земаат предвид ниту при пресметка на добитните ниту на недобитните коефициенти.
За секој несистемски (со една комбинација) добитен тикет, вкупните бодови пресметани според горната формула, се ДУПЛИРААТ.
Во текот на еден ден може да се освојат максимум 11.600 бодови на еден добитен тикет.
Сите тикети кои се календарски уплатени во рамките на еден месец, влегуваат во конкуренција само за тој месец, без разлика дали содржат парови кои можеби се играат на почетокот на наредниот месец (максимум првите 7 дена). Доколку на тикет има типови кои ќе се обработат (добијат конечен статус) после 7-от ден од денот на уплатата на тикетот, тогаш тие натпревари нема да се земат во предвид за играта ТИПСТЕР КУП.
Конечните месечни табели за пласманите на учесниците на локално и глобално ниво во ТИПСТЕР КУП ќе се објавува на 8-тиот ден од следниот месец. До тогаш ќе бидат завршени сите обработки на бодови за тикетите кои влегуваат во конкуренција, а кои календарски се уплатени во тој месец. Тоа значи дека доколку се уплатат тикети во последните денови на месецот, а тие содржат и парови кои се играат во првите 7 дена во наредниот месец, тие ќе се обработат и ќе влезат во конкуренција на месечното ниво за тој месец. По 7-миот ден, за претходниот месец во рамките на натпреварувањето ТИПСТЕР КУП, се смета дека обработката е завршена и бодовите се конечни за сите тикети кои влегуваат во конкуренција во сите табели, без разлика на локално или глобално ниво. Тикетите кои се уплаќаат во првите 7 дена од наредниот месец, влегуваат во конкуренција за тој тековен месец, и се пресметуваат нормално, во новооформена табела за тековниот месец, на месечно и глобално ниво.
НАПОМЕНА: Во случај на виша сила, Организаторот има право да го прекине натпреварот на неодредено време.
Во натпреварот не можат да учествуваат вработени во Sport Life обложувалниците.
Други придобивки од Sport Life клубот