11.1.2016 Нетси го отпуштија Холинс
По слабиот старт оваа сезона десетте победи на27 натпревари, Бруклин Нетс ја раскинаа соработката со тренерот Лајонел Холинс.
Холинс го презема Нетс во јули 2014 година, но резултатите во тековната сезона не ги задоволија очекувањата на сопственикот на тимот, Михаил Прохоров, кој исто така ја раскина соработката и со генералниот менаџер Били Кинг.
„По внимателното разгледување, заклучив дека е време за нов почеток и нова визија. Ќе го искористиме остатокот од сезоната за детално да ги анализираме сите потенцијални кандидати за позицијата тренер“, изјави Прохоров.
Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи досегашниот асистент на Холинс, Тони Браун.