Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2015

Спектакуларен пресврт: Њу Ингланд пејтриотс го освои Суперболот

Тимот на Њу Ингланд пејтриотс ја освои шампионската титула во американскиот фудбал, откако во финалето на НФЛ-лигата, по големиот пресврт, го совлада Сиетл сихокс со 28:24 (0:0, 14:14, 0:10, 14:0).

Бранителот на титулата, Сиетл, во Аризона водеше со десет поени пред последната четвртина, но Њу Ингланд за тие 15 минути успеа да направи пресврт.
Јунаци на победата беа легендарниот Том Брејди, со два тачдауна, и новакот Малком Батлер, кој го пресече пасот на Расел Вилсон на 26 секунди пред крајот.
Ова е четврта титула на Њу Ингланд пејтриотс, а сите ги има освоено во последните 14 години, со Брејди во тимот. Тој квотербек стана трет играч во историјата кој четири пати го освоил Суперболот, по Џо Монтана и Тери Бредшо.
Њу Ингланд последната титула ја освои по десет години пауза и три порази во финалиња.
Брејди е избран за најкорисен играч (МВП) на финалето.
Њу Ингланд во последните две финалиња пред ова, губеше во последните моменти, со поени во последните секунди, со неверојатни пасови и чудни фаќања, но сега успеа да го сопре Сиетл, откако Батлер го пресече пасот на Вилсон.