Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2012

Њујорк џајантс се нови НФЛ-шампиони

По втор пат за четири години Њујорк џајантс победија во Супербоул, а, исто како и во 2008 година, ги победија Њу Ингланд пејтриотс, но овој пат со 21:17.

Четириесет и шестото финале во Американската национална фудбалска лига беше неизвесно до самиот крај, но не беше толку драматично како финалето во Аризона пред четири години.
Победата на „џиновите“ им ја донесе тачдаунот на Ахмад Бредшо на една минута пред крајот. „Патриотите“ го пуштија ранинг бекот на њујорчаните слободно да поентира за да имаат време за последен напад, но 57-те секунди што им останаа не беа доволни да возвратат и да стигнат до четвртата титула.
Ова е втора победа на Илај Менинг над Том Брејди во Супербоул, со што дефинитивно потврди дека е врвен квотербек. Помалиот брат на Пејтон Менинг ја освои титулата најкорисен играч во финалето откако одигра одлично, комплетирајќи 30 од 40 додавања за 296 јарди и еден тачдаун.
„Ова беше луд натпревар, луда сезона. Одлично чувство е да се освои Супербоулот, не е важно каде“, изјави Илај Менинг на стадионот кој е дом на Индијанаполис колтс, тим чиј заштитен знак е неговиот постар брат Пејтон.