04.3.2013 Пескара го отпушти тренерот Бергоди
Италијанскиот фудбалски прволигаш Пескара соопшти дека го отпушти тренерот Кристијано Бергоди поради серијата лоши резултати.
Последниот од низата порази Пескара го доживеа вчера, на свој терен против Удинезе (0-1), во 27-мото коло од шампионатот на Италија.
Екипата на Пескара, заедно со Палермо и Сиена, го дели последното место во Серија А со 21 бод.
Бергоди на чело на екипата на Пескара во ноември минатата година го замени Џовани Стропа. Пред Пескара, Бергоди седеше на клупата на Модена и на романските клубови Рапид од Букурешт и Стеауа.