26.7.2012 ОИ: По скандалот, Северна Кореја победи
Фудбалерките на Северна Кореја со 2-0 ја победија Колумбија во натпреварот од првото коло на групата Г на Олимписките игри во Лондон. Тоа се случи по скандалот со знамето.
Тој натпревар доцнеше речиси еден час поради
протестите на Северна Кореја, а поврзани со случајот кога при претставувањето
на нејзините фудбалерки, на видеоѕидот се појави знамето на погрешна Кореја –
омразениот јужен непријател.
Натпреварот не можеше да почне бидејќи
разлутените фудбалерки на Северна Кореја останаа во соблекувалната, но по
извинувањето на домаќинот и ветувањето дека такво нешто веќе нема да се
повтори, натпреварот е одигран, а Северна Кореја ги запиша првите три бодови.
Во таа група Соединетите Американски Држави ја победија Франција со 4-2, и тоа
откако Французинките водеа 2-0 само по петнаесет минути игра. Два погодоци за
Американките постигна Алекс Морган.
Двократен стрелец беше и Бразилката Марта во
најголемата победа на денот, 5-0 против Камерун.