Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2018

Ридинг го отпушти Стам

Ридинг денес ја прекина соработката со менаџерот Јап Стам по серијата разочарувачки резултати кои тимот го доведоа до 20-тото место во шампионат лигата, само на три бода од зоната за испаѓање.

Холанѓанецот клубот го презеде минатата година, кога го предводеше до третото место во лигашкиот дел, а потоа изгуби во финалето на плејофот од Хадерсфилд.
Во последните 12 натпревари, Ридинг оствари само една победа, а сè кулминираше со поразот од Норвич со 3-2 во саботата.
Од клубот наведоа дека внимателно ги разгледале сите опции пред да ја донесат конечната одлука.
„Сакаме да му се заблагодариме на Јап за работата и за посветеноста на клубот, посебно за сè што направи во првата сезона со тимот. Му посакуваме сè најдобро“, се наведува во соопштението.
Наредниот натпревар Ридинг ќе го игра на 30-ти март, против Квинс парк ренџерс.

 

Најнови вести