Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
30.12.2015

Португалските гиганти добија 1,5 милијарди евра од продажба на ТВ правата

Португалските гиганти Порто, Бенфика и Спортинг потпишаа индивидуален договор за продажба на ТВ правата за следните десет години за околу 1,5 милијарди евра.

Локалниот телекомуникациски оператор НОС најмногу пари му даде на Порто 457 милиони евра, Спортинг доби 446, со дополнителни 70 за „pay per view“, а Бенфика доби 400 милиони.
Меѓутоа со останатите спонзори во овој период „орлите“ вкупно ќе добијат околу 600 милиони евра.
Порто за продажбата на ТВ правата доби личен простор и за реклами, исто како и Бенфика, но и свој ТВ канал. Минатата сезона Бенфика од ТВ правата и рекламите заработи 43 милиони евра, Спортинг доби 27,5 милиони, а Порто пак 22 милиони евра.
Новиот договор би требало да ја олесни иднината на португалските гиганти, кои и покрај одличните резултати во Европа и покрај големите продажби на играчи имаат огромни долгови, во главно од таа продажба на фудбалерите добиваат 20 до 30% поради учеството од страна.

Најнови вести