Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2015

Венгер: Нивото на Шампионат лигата нагло порасна

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека Шампионат лигата веќе е поквалитетна, откако неговиот тим беше елиминиран во Лига купот од страна на Шефилд вензди (3-0).

Шефилд вензди, моментно деветтопласираниот тим во англиската Шампионат лига, со головите на Рос Валас, Лукас Жоао и Сем Хачинсон, целосно ги разби „топчиите“ на „Хилсборо“, а уште поголем проблем за тимот од Лондон се повредите на Тео Волкот и на Алекс Окслејд-Чемберлен.
„Кога сè би било идеално, секако дека би сакал да победиме. Факт е дека тимот сега ќе може да се концентрира на преостанатите натпреварувања, но не сакам да го користиме тоа како изговор. Исто така, како што реков и пред натпреварот, поради големиот број странски играчи коишто играат во Премиер лигата, има сè повеќе и повеќе добри поединци коишто настапуваат во Шампионат лигата, па како резултат на тоа, стана сè потешко да се настапува со помладите состави против нив. Нивото на лигата нагло порасна, па веќе не е доволно само искуството за да се добиваат вакви натпревари, просто немате шанси“, изјави Венгер.
Освен Арсенал, и Челзи го заврши натпреварувањето во четвртата рунда.

Најнови вести