Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2015

Левандовски: Лудо прво полувреме

Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен, изјави дека првото полувреме против Порто било лудо и феноменално.

„Баварците“ по поразот од 3-1 на „Драгао“ во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите, во Минхен го победија Порто со резултат 6-1, постигнувајќи дури пет погодоци во првите 45 минути.
„Пет голови во првото полувреме е луда работа. Беше феноменално, одлично. Ние сме Баерн и можеме да направиме пресврт на пораз од 3-1. Само знаевме дека мора да тргнеме силно“, изјави двократниот стрелец на „Алијанц арената“.
Јунак на натпреварот беше Томас Милер, кој освен голот имаше и две асистенции.
„Тешко е да се пронајдат зборови за ова, исцрпен сум. Не можеше подобро. Не можевме ниту да замислиме дека така ќе одиграме во првото полувреме. Секоја чест за моите соиграчи“, изјави Милер.
Порто го ублажи поразот благодарение на голот на капитенот Џексон Мартинез, кој набрзо имаше уште една шанса за погодок.
„Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар, но направивме премногу грешки во првото полувреме. Во второто покажавме што можевме, без тие грешки, можевме да се бориме за полуфиналето“, изјави Мартинез.

Најнови вести