Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2015

Бруклин и Њу Орлеанс последни патници во плејофот

Кошаркарите на Њу Орлеанс и Бруклин се пласираа во плејофот на НБА-лигата, откако на натпреварите синоќа ги остварија победите неопходни за пласман.

Бруклин во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната на својот паркет го совлада Орландо со 101:88 и со тоа се избори за осмата позиција на Истокот, а во корист му беше и поразот на Индијана од Мемфис со 83:95.
На Западот осмата позиција ја избори Њу Орлеанс, кој на својот паркет го совлада Сан Антонио со 108:103, па лигата ја заврши пред Оклахома, на која ниту убедливиот триумф од 138:113 над Минесота не ѝ помогна да се пласира во плејофот.
Бруклин во плејофот на НБА-лигата, кој почнува викендов, ќе се сретне со Атланта, првопласираната екипа на Истокот, за која настапува македонскиот кошаркар Перо Антиќ.
Индијана ќе се пласираше во плејофот ако во гости го победеше Мемфис, но не успеа во тоа (95:83).
 Најефикасен во победничката екипа беше Марк Гасол со 33 поени, додека Рек Зендолф постигна 18.
Њу Орлеанс во текот на натпреварот против Сан Антонио имаше предност од 20 поени, а на крајот за малку избегна пораз. До победата го предводеше Ентони Дејвис со 31 поен и 13 скокови, додека Тирек Еванс постигна 19, а имаше и 11 асистенции.
Њу Орлеанс во плејофот ќе се сретне со првопласираниот Голден стејт, кој синоќа го надигра Денвер со 133:126.

Двојки во плејофот кој почнува викендов – Исток:
Атланта – Бруклин
Кливленд – Бостон
Чикаго – Милвоки
Торонто – Вашингтон

Запад:
Голден стејт – Њу Орлеанс
Хјустон – Далас
Лос Анџелес клиперс – Сан Антонио
Мемфис – Портланд

Најнови вести