Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2015

Ибрахимовиќ бесен, пцуеше и навредуваше, а потоа се извини

Во Франција се зборува за поразот на ПСЖ од Бордо, но не колку за реакцијата на Златан Ибрахимовиќ по натпреварот.

„Жирондинците“ беа подобри од „светците“, а напаѓачот на тимот од Париз беше бесен. Толку бесен, што Франција ја нарече „посрана“  држава која не заслужува тим каков што е ПСЖ. Бесот на Швеѓанецот, пред сè, беше насочен кон судиите, а на еден од нив му рече:
„Разбуди се, пробуди се Французину. Играме професионална лига, не сме аматери. Разбуди се. За 15 години во фудбалот уште ова не сум го видел“, викаше Ибрахимовиќ, додека капитенот Тијаго Силва се обидуваше да го смири. Но, не успеа во тоа, па центарфорот продолжи понатаму, иако околу него беа телевизиските камери.
„Играм 15 години и никаде не сум видел судење како во оваа посрана земја. Оваа земја и не заслужува ПСЖ да игра во неа“, изјави 33-годишниот Ибрахимовиќ.
Но, кога подоцна се смири, првата ѕвезда на „светците“ и на репрезентацијата на Шведска се извини. Дури и Патрик Канер, министерот за спорт во француската влада, побарал извинување.
„Бев бесен. Моите коментари не беа насочени кон Франција или кон Французите. Зборував за фудбалот и за ништо друго. Изгубив и го прифаќам тоа, но не се согласувам со тоа судиите да не ги почитуваат правилата, а тоа не се случи за прв пат. Зборував во лутина и сте знаат дека во такви моменти  можете да го изговорите и она што не го мислите. Им се извинувам на сите коишто ги навредив“, изјави Ибрахимовиќ, кого министерот Канер по извинувањето го нарече голем шампион.
Ибрахимовиќ во дуелот со Бордо постигна два гола, но тоа сепак не беше доволно за триумф. Бордо постигна три.

Најнови вести