Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Евтин подарок на голманот скапо ги чини Демири и соиграчите од Мариупол

Голманот на Мариупол Рустам Куџамов беше голем трагичар на дуелот со Бордо, а вториот гол што го прими во поразот од 1:3 скапо ги чини Украинците

Потенцијалниот македонски репрезентативец Бесир Демири и неговите соиграчи од Мариупол се пред елиминација во квалификациите за настап во Европа Лигата, по поразот од 1:3, дома од Бордо. На неуспехот најмногу му кумуваше голманот Рустам Каџамов со кардиналната грешка во 37. Минута, кога и буквално му подари втор гол на Бордо. При резултат 1:1, Каџамов лошо реагираше при една вратена топка кон него, па Лаборде успеа да му го блокира обидот за дегажман и да постигне чуден гол. Евтин подарок на голманот што веројатно скапо ќе ги чини и Демири и н еговите соиграчи, кои сега имаат само теорестки шанси за прв пласман во Европа Лигата.

 

Најнови вести