Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2015

Хулиганите повторно направија хаос во Грција

Привремената суспензија на фудбалот поради дивеењето на хулиганите не донесе резултат во Грција, повторно дојде до прекин на еден натпревар.

Навивачите на АЕК на две минути пред крајот, го прекинаа дуелот со Олимпијакос во четврт-финалето на Купот на олимпискиот стадион во Маруси.
Сè беше во ред до 88-мата минута, кога Факундо Хара им донесе предност на гостите од Пиреја, а тоа ги збесна домашните навивачи, кои веднаш втрчаа на теренот.
Играчите на Олимпијакос веднаш се повлекоа во соблекувалната, а по нив и фудбалерите на АЕК, како и официјалните лица на натпреварот, додека полицијата се обидуваше да воспостави ред.
Иако теренот набрзо беше расчистен, а потоа и трибините испразнети, натпреварот не беше продолжен.
Ова се случи само по десетина дена откако новата грчка Влада привремено го суспендира фудбалот во земјата, по честите нереди на натпреварите во Суперлигата.

Најнови вести