Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2015

УЕФА ги казни Селтик и Стеауа

УЕФА го казни Селтик со 10.000 евра поради инцидентите на навивачите на тој клуб на натпреварот од Лигата на Европа против Динамо во Загреб.

Шкотскиот клуб во натпреварот, кој беше одигран на 11-ти декември 2014 година на „Максимир“, изгуби со 3-4.
Селтик беше казнет бидејќи неговите навивачи по употребата на пиротехника, се судрија со полицијата.
На Селтик тоа му е петта казна поради инциденти на навивачите во последните три години.
Покрај шкотскиот клуб, казнета е и романската Стеауа,по трет пат оваа сезона и по трет пат поради иста причина – поради расистичко однесување на нејзините навивачи.
Стеауа наредните два натпревари во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа ќе ги игра пред празни трибини, а клубот ќе мора да плати 20.000 евра.
УЕФА наведува дека Стеауа е казнета поради тоа што навивачите на натпреварот од Лигата на Европа против Динамо од Киев, кој беше одигран во Букурешт во декември минатата година, истакнале расистички транспарент.

Најнови вести