Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2011

Дожд во Монца

Според последните временски прогнози, постојат огромни шанси во сабота и недела да врне дожд над Монца, додека, пак, петокот ќе биде сув.

Според метеоролошките извештаи, дожд ќе паѓа во средината на денот во сабота, точно кога се квалификациите, додека, пак, за во недела е предвиден силен дожд. Температурата се очекува да биде до 25 степени, додека ветерот ќе биде со мал интензитет.

Актуелниот бранител на титулата Себастијан Фетел верува дека токму ваквото време ќе им донесе предност нему и на неговиот Ред Бул, бидејќи од таборите на Мекларен и Ферари, кои се домаќини на овој терен, се надеваа на топло време. Исто така, тој очекува не само што временските услови ќе бидат на негова страна туку и да продолжи со доминацијата.

„За мене, „Монца“ е во посебни сеќавања, бидејќи тука ја забележав својата прва победа во Формула 1 во 2008 година. Тоа е нешто што никогаш нема да го заборавам. Оваа патека е една од најпредизвикувачките во оваа сезона. Во неа се вклучени големи прави делови, во кои може да се развие брзина и до 320 км/час, што ја прави „Монца“ најбрзата патека во календарот. Таа, исто така, има и психички побарувања и навистина нема да биде лесно. Се надевам дека повторно ќе се искачам на највисокото место на подиумот“, рече Германецот.

Најнови вести