Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2014

Де Бур: Хидинк е минато, старомоден е

Легендарниот холандски фудбалер Роналд де Бур изјави дека Гус Хидинк е минато по дебаклот на Исланд.

Полуфиналистот на Светското првенство изгуби со 2-0 во квалификациите за Европското првенство на Исланд.
Де Бур, кој ја претставуваше Холандија на два Мундијали и едно Европско првенство, изјави дека Роналд Куман би требало да биде наследник на Луис ван Хал, а не Хидинк.
„Мислам дека Гус Хидинк нема план за игра во својата глава. Тој не им покажува на момчињата како треба да ги направат некои работи. За почеток, јас сакам да видам играчи од средината на теренот кои трчаат и му помагаат на Ван Перси. Тоа не го видов. Има уште многу да се игра. Мислам дека Куман беше подготвен да ја преземе селекцијата. Со цело почитување кон Хидинк, тој има 67 години, мислам дека тој е минато. Тој има одлични резултати зад себе, но неговите идеи се старомодни“, изјави Де Бур.

Најнови вести