Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2014

Ливорно станува филијала на Монако

Италијанскиот Ливорно, неодамнешниот учесник во Серија А, склучи договор за партнерство со Монако, од кого ќе добие тројца фудбалери.

Алдо Спинели, претседателот на клубот кој минатата сезона во елитниот ранг од натпреварувањето заврши на последната позиција, го потврди воспоставувањето на соработката.
„Потпишавме договор за соработка со Монако, а според неговите одредби, наскоро Монако би требало да ни испрати тројца фудбалери, едниот сигурно ќе биде централен дефанзивен играч, а разговаравме и за еден напаѓач“, изјави Спинели.
Челникот на екипата која ќе се натпреварува во Серија Б не наведе за кои фудбалери се работи, а предвид би дошле младиот Шпанец Борха Лопез, кој закрепнува од повреда на коленото, или ветеранот Андреа Раџи, што се однесува до дефанзивниот играч.
Во нападот ситуацијата е малку поотворена, во Италија би можело да се преселат 18-годишниот Французин Антони Мартијал и две години постариот Италијанец Гаетано Монакело, кој неодамна се врати од заем кај Ерготелис.

Најнови вести