Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2017

Ливерпул во Лемар гледа наследник на Кутињо

Англискиот премиерлигашки клуб Ливерпул наредното лето најверојатно ќе го пушти да си оди Филипе Кутињо од „Енфилд роуд“, па веќе е во потрага за негов наследник.

Со парите од продажбата на Кутињо, раководството сака да го купи Томас Лемар, бразилскиот крилен играч на Монако.
Според францускиот „Л’Екип, „црвените“ се подготвени да испратат понуда од 95 милиони евра за Лемар. Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека верува дека тој одлично би се вклопил во составот на „црвените“ и дека би бил соодветен наследник на Кутињо, иако тој има малку поинаква улога - класичен плејмејкер во тимот.
За Томас Лемар се заинтересирани и Арсенал, ПСЖ и Јувентус.

Најнови вести