Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2014

Херојот Очоа: Натпревар на животот

Гилјермо Очоа, голманот на Мексико, кој блескаше против Бразил, изјави дека тоа му бил натпревар на животот.

Очоа со четири фантастични интервенции му овозможи на Мексико да ремизира 0-0 со домаќинот на Мундијалот.
„Нема сомнение, натпревар на мојот живот. Не е лесно така да се одигра против домашниот тим. Шутот на Нејмар со глава беше најтежок шут за одбрана“, изјави Очоа.
Мексиканците беа целосно рамноправен ривал, и самите имаа шанси за победа.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, Бразил секогаш е силен, а играше и на свој терен. Знаевме дека ќе се потруди двојно повеќе од тоа, но ова е голем бод за нас“, додаде херојот на Мексико.
Мексиканците во последното коло ги очекува дуел со Хрватите, веројатно директен во борбата за осминафиналето.

Најнови вести