Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2014

Леброн со личен рекорд од 61 поен од 33 шута

Леброн Џејмс оствари рекорд на кариерата и на Мајами хит постигнувајќи 61 поен во победата над Шарлот бобкетс од 124-107.

Џејмс со шест поени го престигна својот претходен рекорд стар девет години, а 55 поени беше и рекордот на Мајами, кој во 1995 година го постави Глен Рајс.
Му фалеше еден кош за да го собори рекордот на сезоната, кој со 62 поени го држи Кармело Ентони. Леброн погоди 22 од 33 шута од играта, од кои тројки шутираше 8/10, промашувајќи ги последните два обиди.
Џејмс, покрај Коби Брајант и Карл Мелоун, е единствениот играч кој постигнал толку поени од толку мал број шутеви од 1985 година. Посебно блескаше во третиот период, кога постигна 25 поени, што е уште еден рекорд на тимот од Мајами.
Тој имаше и седум скокови и пет асистенции, а само Мајкл Џордан имал толку проигрувања на толкав број поени. Џејмс во кариерата одигра вкупно десет натпревари со најмалку 50 поени, но ова му беше прв на домашниот паркет. Натпреварот го играше со заштитна маска на лицето.
Крис Бош постигна 15 поени и седум скокови, додека Тони Даглас додаде десет поени. Поради Џејмс во сенка остана импресивната партија на Ал Џеверсон за Бобкетс со 38 поени (18/24) и 19 скокови, додека по 12 постигнаа Ентони Толивер и Крис Даглас-Робертс.

Најнови вести