Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2011

Станковиќ го пропушта Суперкупот на Италија?

Капитенот на репрезентацијата на Србија, Дејан Станковиќ би можел да го пропушти саботниот дуел од Суперкупот на Италија, меѓу Милан и Интер.

Станковиќ во четвртокот на тренингот на Интер, се здоби со повреда на левото колено, поради што го напушти теренот многу порано од неговите соиграчи.

Според италијанскиоте медиуми, Србинот, на тренингот добил многу силен удар во коленото и веднаш потоа бил пренесен во болница.

Дали Станковиќ ќе успее да се опорави на враме и да му помогне на својот тим, актуелниот освојувач на Купот на Италија, во дуелот со градскиот ривал, нема да се знае се до почетокот на натпреварот, кој е закажан за сабота.

Најнови вести