Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2013

Корини повторно на клупата на Киево

Четириесет и тригодишниот Еуџенио Корини повторно е именуван за тренер на италијанскиот прволигаш Киево, кого го водеше и минатата сезона.

Корини во минатата сезона со Киево го освои 12-тото место, но не успеа да се договори околу условите на соработката, па клубот и тој договорно се разделија во мај.
Киево на клупата го доведе Џузепе Санино, кого вчера го смени поради лошите резултати. По 12 одиграни кола во Серија А, клубот од Верона е последна екипа на табелата само со шест освоени бодови. Цената за лошите резултати, како и обично, ја плати тренерот, а Киево на тренерската позиција го врати Корини, со кого потпиша двегодишен договор.
Првиот испит во својот втор мандат во улогата тренер на Киево Корини ќе го има на 23-ти ноември против Верона.

Најнови вести