Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2014

Јувентус со одбрана на титулата ќе почне во Верона

Одбраната на титулата во италијанската Серија А фудбалерите на Јувентус ќе ја почнат на крајот на август, со натпреварот против Киево во Верона, одредено е вчера со ждрепката за новата сезона.

На отворањето на шампионатот ќе бидат одиграни два дерби-натпревари, Рома – Фиорентина и Милан – Лацио, а „росонерите“ ќе го нагостат шампионот во третото коло, кога на „Сан Сиро“ доаѓа нивниот поранешен тренер Масимилијано Алегри, сега како шеф на стручниот штаб на Јувентус.
Натпреварите од првото коло на Серија А на програмата се на 30-ти и 31-ви август, кога се сретнуваат: Аталанта – Верона, Чезена – Парма, Киево – Јувентус, Џенова – Наполи, Милан – Лацио, Палермо – Сампдорија, Рома – Фиорентина, Сасуоло – Калјари, Торино – Интер и Удинезе – Емполи.


Најнови вести