Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2015

Макси Лопес на заем во Торино

Макси Лопес, некогашниот фудбалер на Барселона и на Милан, го напушти Киево и во наредните шест месеци ќе игра во Торино, стои во соопштението на интернет-страницата на италијанскиот тим.

Макси Лопес во досегашниот тек на сезоната за екипата од Верона постигна само еден гол на 14 натпревари.
Аргентинскиот напаѓач некогаш важеше за голем талент на светскиот фудбал, но во последните години кариерата му е во пад.
Тој потекнува од Ривер плате, од кого направи трансфер во Барселона, но во Каталонија не се избори за место и мораше да оди на заем во Мајорка, во Москва и во Гремио. Играше уште за Катанија и Сампдорија.

Најнови вести