Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2012

Ламела суспендиран на три меча поради плукање

Откако надежите за пласман во Лигата на шампионите наредната година целосно ѝ се уништија со катастрофалниот пораз во Торино од Јувентус (4-0), Рома доби уште еден тежок удар од Дисциплинската комисија на Серија А.

Ерик Ламела е казнет со три натпревари забранет настап поради плукање на Штефан Лихштајнер, фудбалер на Јувентус. Оваа одвратна постапка на Ламела помина незабележано од судиите, но не и од телевизиските камери.
„Телевизиските снимки го покажаа играчот на Рома како стои блиску до центарот на игралиштето, во близина на фудбалерот на Јувентус, па, без никаква причина и без присуство на топката, плукна по неговото рамо“, стои во соопштението за јавноста на Дисциплинската комисија на Серија А.
Аргентинецот ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина, Наполи и Киево. Рома со неделниот пораз кај Јувентус падна на шестото место, прво кое следната година не води во Европа. Третиот Лацио, кој го држи последното место за во Лигата на шампионите, сега ѝ бега со пет бодови. До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Најнови вести