Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2013

ЖРК Вардар испушти победа над големиот Ларвик

ЖРК Вардар во трилер натпревар ја испушти победата и мораше да се задоволи само со бод против еден од најсилните европски клубови Ларвик.

Избраничките на Индира Кастратовиќ покажаа голем карактер во дуелот со фаворизираниот противник и иако имаа големо заостанување, се вратија и направија резултатски пресврт.
Сепак, предноста од два гола која ја имаа на две минути пред крајот не ја зачуваа до крајот и Норвежанките на неколку секунди до крајот израмнија за конечен резултат 27-27.
Зебиќ беше најефикасна во редовите на нашиот првак со седум голови, Радичевиќ постигна пет гола, а Лекиќ и Пино по четири.
Следниот викенд ЖРК Вардар во третото коло ќе го пречека хрватскиот шампион Подравка.

Најнови вести