Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

Руски колос доаѓа во Вардар

Глеб Калараш, кој има 205 сантиметри, игра на позицијата пивот

Македонскиот ракометен првак Вардар ја засили пивотменската позиција, и тоа со рускиот репрезентативец Глеб Калараш. Искусниот 27-годишен играч во минатата сезона играше за германскиот тим Магдебург. 
Се работи за корпулентен играч кој е висок 205 сантиметри и ќе биде „џин“ во борбата на линијата од шест метри. Калараш беше незадоволен од работата во Магдебург и побара раскинување на договорот, а многу брзо се договори за трансфер во Вардар. Пред да заигра во Бундеслигата, има играно и за тимот на Мотор од Запорожје. 
Калараш, всушност, ќе биде замена за Мијајло Марсениќ, кој си замина од „црвено-црниот“ табор. Покрај новото руско засилување, Вардар во новата сезона на пивотската позиција ќе ги има уште и капитенот Стојанче Стоилов и Бразилецот Рожерио Моралеш. 

 

Најнови вести