Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Македонија одигра за петка, победена и Естонија

Нашите надежи славеа лесно со 26-22 и го потврдија првото место во групата

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години со уште една победа ги заврши настапите во групната фаза од Европското првенство Б дивизија, кое се игра во Грузија. Во последното, петто коло Македонија очекувано славеше против Естонија со 26-22, за перфектна игра во групата. Пет победи од пет меча за прво место и пласман во полуфиналето. 
Уште во првото полувреме нашите таленти покажаат дека нема да имаат проблем против Естонија и за 30 минути имаа предност од 16-7. Високата предност и фактот дека и пред овој меч беше обезбедено првото место во групата беше како знак за опуштање во вториот дел, па Естонците успеаја да ја намалат негативата и на крајот да бидат поразени со пристојни четири гола разлика. 
Кадетите предводени од селекторот Данило Брестовац сега треба само да го потврдат својот квалитет и во полуфиналето, а потоа и да успеат да се изборат за пласман во елитното европско друштво.